10 грешки што треба да ги избегнувате кога пробувате облека во бутик
Немојте да носите голем накит кога пробувате облека во соблекувална, не заборавајте да ја облечете соодветната долна облека и задолжително огледајте се и на друго светло освен тоа во кабината.
Купувањето облека не секогаш е најпријатното искуство, особено кога треба да пробувате. Уште полошо е кога некое парче облека ви стои одлично во соблекувалната, за кога ќе го пробате дома воопшто да не ви се допаѓа.
За да ги избегнете ваквите ситуации, треба да бидете свесни за некои грешки што ги правиме скоро сите.
Во продолжение дел од најчестите:
Не пробувате со соодветна долна облека
Многу е важно да носите соодветна долна облека кога пробувате нешто во продавница бидејќи само вака ќе можете да видите дали ви стои добро.
Ако, на пример, одите да купувате маичка на рамки и носите спортски градник, веројатно нема да ви се допаѓа како ви стои маичката. Ако сте тргнале по тесен фустан, а носите долна облека што се познава, сигурно нема да ви се допаѓа како изгледате со тесниот фустан.
Не пробувате да се движите во облеката
Не заборавајте да пробате дали можете да се движите во облеката. Ако купите панталони кои ви стојат одлично, но едвај одите во нив, тешко дека некогаш ќе ги облечете.
Па, осигурете се дека ќе направите чекор-два, ќе седнете и слично пред да ја купите облеката.
Не се огледувате со вашата облека пред да почнете со пробување
Пред да ја пробате облеката, добро погледнете се во огледалото со облеката со којашто сте дошле. Бидејќи огледалата во соблекувалните се различни и некои навистина можат да направат да изгледате пошироко, добро би било да ги воочите овие нешта со облека што веќе ја имате.
На овој начин полесно ќе одредите дали парчето што го пробувате прави да изгледате пошироко, или тоа е само „илузија“ што ја создава огледалото.
Пробувате со чорапи или несоодветни чевли
Сигурно ви се случило да пробате некој фустан додека носите шарени чорапи и да си помислите дека кога ќе го облечете дома со штикли сигурно ќе изгледа добро.
За да не ризикувате и да не купите нешто што нема да ви стои добро ни дома, со вас земете ги и чевлите со коишто планирате да ја носите облеката.
Земате по само еден број од облеката
Дури и ако постојано купувате од една иста продавница, некогаш броевите можат да варираат во зависност од моделот.
За да не излегувате неколкупати од соблекувалната, секогаш земајте по барем два различни броја за пробување.