8 грешки кои прават облеката да изгледа „евтино“
Понекогаш не е важно колку пари ќе вложиме во облеката, ако сепак ги повторуваме истите модни грешки.
Промашениот избор на некои детали може да направи облеката што ја носиме да изгледа поевтино отколку што навистина е.
Изберете добра комбинација од бои
Да се знае како да се изберат боите во комбинацијата која ја носиме, не е секогаш лесно.
Но, пред да одлучите да го облечете првото нешто што ќе го најдете во вашиот плакар или да се потпрете на светлите нијанси, размислете за монохроматски изглед во една боја или вечно класичната – црно бела комбинација.
Натрупан изглед
Минималистичките тенденции во последно време добија голем размер во модниот свет и нè научија дека не треба да претеруваме при облекувањето.
Прекумерните додатоци и бои можат да ги преминат границите на добриот вкус.
Носите само фармерки
Фармерките се неверојатно удобни, но нивното речиси секојдневно носење дефинитивно не е паметна опција.
Пробувањето на други модели на панталони, особено од специфична ткаенина, може да направи чудо за вашата фигура.
Не правите корекции на облеката
Една од главните карактеристики на „високата мода“ е тоа што секое парче облека е направено по мерка.
Затоа, сè додека вашата облека изгледа како слеана за вас, ќе изгледа добро, па не штедете на корекции.
Блузата/кошулата никогаш не ја ставате во панталони
Еден мал потег и вашата облека за секунда ќе стане скапа од просечна.
Ако одвоите една минута да ја ставите вашата блуза, џемпер или кошула во здолништето или панталоните, автоматски ќе изгледате поуредно и поелегантно.
Носите огромни чанти во дневни комбинации
Малите чанти кои се носат во рака или на рамо секогаш ќе додадат доза на луксуз на дневниот, деловен изглед.
Палтото прави разлика
Понекогаш, кога ќе се погледнете во огледало и можете да почувствувате дека на изгледот му треба нешто за да стане од „добар“ во „одличен“ – веројатно мислите на палтото.
Не обрнувате внимание на чевлите
Без оглед на она што го носите, запомнете дека чистите, уредни и негувани чевли се неопходни за да изгледате како чиста 10-ка.
Бонус - Трик со белата кошула
Ако постои парче облека што не смее да недостасува во вашиот гардеробер – тоа е белата кошула.
На секоја комбинација додадете ѝ бела кошула – и веднаш добивате погодок.
М. Д. | Црнобело