Фустанот кој стана вирален хит – има моќ драстично да ја „намали“ половината (видео)

Модна инфлуенсерка сподели видео од фустан кој создава оптичка илузија со која драстично ѝ ја намалува половината. Фустанот го купила и плус-сајз инфлуенсерка која го добила истиот ефект. Набрзо по видеата, фустанот бил распродаден.

fustanot-koj-stana-viralen-hit-ima-mokj-drastichno-da-ja-namali-polovinata-video-01.jpg

Модната инфлуенсерка позната како Џем ги збуни сите со видео на кое пробува фустан од модниот бренд Fashion Nova.

На видеото, кое за помалку од 10 дена е прегледано над 2,7 милиони пати, Џем носи шарен фустан со колан, а кога го заврзув, нејзината половина драстично се намалува.

Да нагласиме, Џем не ја стегнува половината многу, туку дезенот на фустанот создава оптичка илузија поради што нејзината половина изгледа значително помала.

Видеото е објавено на ТикТок, а во коментарите корисниците се вчудовидени од илузијата. А, додека некои велат дека се потполно збунети, други тврдат дека откриле што е трикот.

@xojemian

##fyp

♬ Girls Want Girls - Drake

Наводно, илузијата настанува поради тоа што Џем стои пред темен ходник, па црните шари на фустанот се вклопуваат во заднината.

Откако видеото стана вирално, плус-сајз инфлуенсерка решила да го купи фустанот, а илузијата се гледа и на нејзиното видео.

За разлика од Џем, девојката стои пред бел ѕид и намалувањето на половината не е толку драстично, но сепак е забележливо.

@itsnanacastro

So I bought the Viral Waist Illusion Dress ##fyp ##midsize ##tryon ##viraldress ##TreatiestCupContest ##IKnowWhatYouDid

♬ Girls Want Girls - Drake

Според Insider, фустанот се продавал на онлајн продавницата на брендот по цена од 23,99 долари и кратко по видеото на Џем бил распродаден. Наводно, сега фустанот повторно е достапен за продажба.

И други девојки и жени го пробале фустанот, а некои велат дека кај нив, за жал, го немал истиот ефект. 

@mandyybella

#duet with @jemianxo #draft @fashionnova #illusion #fypシ #dress #fashionnova

♬ OOOWWWEEE - Peewee Longway & Money Man
@shugah69

Fashionnova ilusion dress #fashionnova #ilusion #IKnowWhatYouDid #fyp

♬ Can't Get You out of My Head - Kylie Minogue
@macawmomma4

Reply to @justjazzy00 Take 2 ? I still don’t see it ??‍♀️ #waistillusiondress #fashionnova #myfinALLYmoment

♬ Girls Want Girls - Drake

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
Џејн Фонда (86) им одржа модна лекција на помладите колешки: Највпечатливите креации на отворањето н... На црвениот тепих во Кан продефилираа филмски ѕвезди, модели, благородници, но н...
Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Met Gala во фустан што далечната...
ZARA фустанот кој е хит оваа сезона – за 1.600 денари ќе бидете како (лажна) сопруга на мафијаш Фустанот беше распродаден само за неколку денови во Шпанија, а кај нас треба да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg