Како да одберете фармерки што ќе ви стојат добро и ќе ви траат долго?
Дали материјалот е крут, дали на џебовите има повеќе шевови, дали патентот е квалитетен - постојат неколку ситници што ќе ви помогнат да одберете пар фармерки кои ќе ви стојат добро, но и кои ќе ви траат долго.
Поради огромната популарност, денес постојат секакви модели на фармерки, па може да биде тешко да го одберете најдобриот пар за вас.
А, покрај изгледот, треба да обрнете внимание и на квалитетот на фармерките ако сакате да ги носите повеќе од една сезона.
Па, како да одберете фармерки кои ќе ви стојат добро, но и кои ќе ви траат долго?
Што означуваат броевите на етикетата?
Буквата W ја означува ширината на половината (waist width) во инчи. Буквата L ја означува должината на нозете (leg length), повторно во инчи.
Бидејќи 1 инч е 2,54 сантиметри, треба да помножете со тој број за да ја добиете должината во сантиметри. Според ова, фармерките на фотографијата подолу би имале ширина на половината или обем од 86,36 сантиметри, а должина на ногавиците од 91,44 сантиметри.
Крут материјал
Квалитетните фармерки не треба да бидат мазни и многу меки. Напротив, нивниот материјал треба да биде покрут и подебел, дури и ако станува збор за летни модели.
Само фармерките со ваков материјал ќе ви траат подолго.
Поставеност на патентот
Растојанието од патентот до препоните треба да биде 7-9 сантиметри.
Правилно комбинирање
Ако купите фармерки со висок струк, треба и да ги носите како такви. Односно, немојте да ги покривате со блуза, џемпер и слично. Наместо тоа, ако носите долга блуза, треба да ја пикнете во нив.
Задни џебови
Обрнете внимание на шевовите на ќошињата на задните џебови. Ако забележите повеќе шевови отколку на другите места на фармерките, тоа е добар знак.
Овие дополнителни шевови ги прават џебовите поиздржливи, што значи фармерките ќе ви траат подолго.
Обрнете внимание на патентот
Ако добро ги разгледате патентите на вашите панталони, ќе забележите дека на скоро сите се втиснати буквите YKK. Ова е јапонска компанија која е одговорна за производството на околу 50% од сите патенти во светот и според производителите на облека е можеби најдобра.
Па, ако на патентот е втиснато логото YKK, тоа е знак дека е квалитетен.
Истовремено, обрнете внимание и на бојата – запците и самиот патент треба да имаат иста боја.
Земете ја предвид формата на вашето тело
Фармерките со ластик на појасот и генерално моделите со широк појас (како на фотографиите) стојат добро само ако имате рамен стомак.
Во спротивно ќе направат да изгледате пошироко отколку што сте и ќе ве направат визуелно поголеми.
Спирова С. | Црнобело