Моден водич: Кога се носат проѕирни, а кога црни хулахопки?
Kои хулахопки да се облечат е една од најголемите женски мистерии, а воедно и еден од најтешките модни предизвици.
Има толку многу нијанси, текстури, детали и дебелини на хулахопки, што може да се изгубите при изборот.
Сепак, клучно е да следите неколку правила за никогаш да не погрешите.
„Голи“ проѕирни хулахопки
Се носат кога е недозволиво да се гледа гола нога. Дел се од униформите во големите компании, како и од униформите на жените кои работат со клиенти, односно имаат голем контакт со луѓе во текот на денот.
Важно е да знаете и дека проѕирните хулахопки не се носат како би ве стоплиле на официјалните настани и свечени пригоди. Не треба ниту да се познаваат дека ги носите.
Исто така, се носат само еднократно, односно еднаш.
Би требало да се максимум 5-10 денски и да одговараат совршено на тенот на кожата. Ниту посветли, ниту потемни.
Се носат со класични чевли, но не со сандали или чизми.
Тенки црни хулахопки
Со тенките, црни хулахопки работите се полесни. Идеална опција се 30 до 50 денските модели, со матиран финиш.
Се носат исклучиво со темни бои на облека. Не смее облеката да е посветла од хулахопките.
Дебели црни хулахопки
Дебелите црни хулахопки треба да ве стоплат. Треба хармонично да се вклопуваат во изгледот, односно да ги комбинирате со топли ткаенини и потемни нијанси на сакоа, капути, џемпери, здолништа...
Секогаш треба да одготвараат со чевлите кои ги носите, односно чевлите да не се во ниту една друга боја освен црна.
Хулахопки со принтови
Принтот би требало да не е претерано голем и чест, бидејќи во тој случај ќе ви додаде волумен на нозете.
Кога избирате хулахопки со дезени, избегнувајте други нападни детали.
Мрежести хулахопки
Со овој модел, тенка е границата помеѓу модерно и вулгарно.
Мрежестите хулахопки најчесто се носат со чизми. Не би требало да ги комбинирате со принтови.
Никако не се комбинираат ниту со тесни мини здолништа, кратки фустани и шпиц-потпетици.
М. Д. | Црнобело