Совршениот моден стил на сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ (фото)
Атрактивниот 36-годишен Србин одржува модни лекции каде и да се појави – од Србија до Франција и Дубаи, тој е еден од најдобро облечените мажи на улиците без разлика во која земја престојува.
Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, периодов престојува во Париз и оттаму прикачува фотографии со совршени стајлинзи.
36-годишниот фудбалер е познат по совршениот моден стил. Секој детаљ во неговите комбинации е внимателно избран, а од очила за сонце до часовници, обрнува големо внимание на модните додатоци.
Без разлика дали се наоѓа во Србија, Кина, Дубаи или Франција тој секаде е еден од најдобро облечените мажи.
Моментално тој игра во турскиот фудбалски клуб Kasımpaşa.
Неговите највпечатливи изданија:
С. С. | Црнобело