7 совети како да го спречите кинењето на хулахопките
Некогаш е подобро да ги исперете на рака
Кога станува збор за тоа дали е подобро да ги перете хулахопките во перална или на рака, мислењето е поделено.
Ако не ви се ризикува да ги перете во перална, побезбедна опција ви е перењето на рака. И во овој случај избегнувајте ја топлата вода, но и внимавајте да не ги триете премногу.
Најдобро е да ги оставите хулахопките да покиснат во студена вода со прашок, па темелно да ги исплакнете.
Немојте да ги сушите во машина
Не е препорачливо да ги ставате хулахопките во машина за сушење, особено не со друга облека.
Избегнувајте и да ги закачувате со штипки или да ги оставате да се сушат на радијатор или печка. Како што напоменавме, високите температури можат да ги оштетат.
Најдобро е да ги сушите хулахопките „послани“ на хоризонтална површина, и тоа не на директна сончева светлина.
Облечете чорапи ако ги носите со патики или чизми
Ако носите хулахопки со патики или чизми, добро би било врз нив да облечете и пар чорапи. На овој начин ќе го избегнете кинењето во делот на стапалата.
Обрнете внимание на нивниот состав
Пред да ги купите хулахопките, проверете колкав процент од нивниот материјал содржи еластин.
Наводно, најдобро е хулахопките да имаат 8-20% еластин. Ако станува збор за пар со помалку од 8% еластин, хулахопките брзо ќе ја изгубат формата и полесно ќе се скинат.
Хулахопките со над 20% еластин обично се потесни и можеби ќе стојат подобро, но не е препорачливо да ги носите секој ден бидејќи ги стегаат нозете.
Што значи, одбирајте модели со 8-20% еластин.
Спирова С. | Црнобело