7 совети како да го спречите кинењето на хулахопките
Не ги чувајте заедо со друга облека, перете ги со студена вода, обрнете внимание на нивниот состав пред да ги купите - има начин како да го избегнете кинењето на хулахопките и да им го продолжите рокот.
Хулахопките значително го подобруваат изгледот на нозете, можат да ги скријат малите недостатоци и да ви ги покријат нозете во деновите кога ќе ја испуштите депилацијата, можат да ве стоплат во зима и овозможуваат носење здолништа и фустани во студените денови.
Но, на сите девојки и жени им е добро познат најголемиот проблем со хулахопките – честото кинење.
Само помислете колкупати сте ги скинале хулахопките уште при првото носење, а можеби дури и уште додека сте ги облекувале.
Хулахопките се деликатно парче облека и ако сакате да ви траат подолго, мора да обрнете внимание на неколку работи.
Па, како да го избегнете честото кинење на хулахопките?
Бидете внимателни кога ги облекувате
Долгите нокти и накитот можат да бидат најголемите непријатели на хулахопките.
Кога облекувате хулахопки, не заборавајте да ги извадите прстените и нараквиците од рацете. Ако, пак, имате долги нокти, бидете особено внимателни за да не направите дупче во хулахопките.
Не ги чувајте на исто место со градници и друга облека
Градниците имаат метални делчиња кои лесно можат да ги скинат хулахопките ако се закачат за нив. Истото важи и за кое било парче облека кое има украси од метал, пластика или што било друго.
Најдобро е хулахопките да ги чувате на посебно место, а уште подобро ако ги завиткате во ролна. На овој начин ќе бидат максимално заштитени и нема да се заплеткуваат едни со други.
Покрај тоа, ќе ви биде многу попрегледно и многу полесно ќе го наоѓате парот што сакате да го носите.
Перете ги со студена вода
Кога ги перете хулахопките во перална, правете го тоа со студена вода. Високите температури можат да им ја избледат бојата и да го оштетат деликатниот материјал.
Добро би било и да ја прескокнете опцијата за центрифуга кога перете хулахопки.