Мали модни грешки што можат да ја расипат и најдобрата комбинација
Излупен лак
Излупениот лак може да го уништи целиот ваш изглед. Ако немате време постојано да ги лакирате ноктите или не ви се даваат пари за во салон, подобро воопшто не нанесувајте лак.
Излегување со мокра коса
Ако немате време да ја исушите косата, подобро соберете ја во опавче наместо да излегувате со мокра коса која изгледа неуредно.
Облека која треба постојано да ја местите
Ако постојано треба да ја местите облеката, како поткренување или спуштање на фустанот, тогаш дефинитивно сте го згрешиле бројот.
Облеката треба да „легне“ на вашето тело и не треба да ви предизвикува неудобност.
Некогаш можете да бидете во искушение да купите облека со помал број со надеж дека ќе ви стои подобро кога ќе ослабите, но најдобро не правете го тоа.
Избледени или пожолтени парчиња
По многу перења, облеката може да ја промени нијансата – парчињата во боја да избледат, а белите да пожолтат.
За да го избегнете ова и да ѝ го „продолжите рокот“ на облеката, бидете внимателни кога ја перете. Односно, секогаш перете ја според инструкциите на етикетата и користете соодветен прашок за шарени или бели алишта.
Топчиња на облеката
На некои материјали, со текот на времето се прават мали топчиња кои дефинитивно се воочливи.
Но, овие топчиња не значат дека треба да престанете да го носите тоа парче облека – лесно можете да ги отстраните со брич или внимателно да ги исечете со ножици.
За да го избегнете нивното создавање користете омекнувач и немојте да ја сушите облеката во машина за сушење.
Спирова С. | Црнобело