„Добиваш загарантирана настинка“ – Новиот хит џемпер на Викторија Бекам предизвика онлајн дебата

Викторија Бекам објави нова малку „поризична“ креација на џемпер што предизвика низа реакции кај љубителите на модата. Дали вие би го носеле ова во есен или во зима?

dobivash-zagarantirana-nastinka-noviot-hit-djemper-na-viktorija-bekam-predizvika-onlajn-debata-01.jpg

Некогашната членка на Spice girls во последните години важи за моден авторитет, а веќе е подготвена за есенскиот период и ја претстави својата нова колекција, од која особено внимание привлече еден џемпер.

dali-bi-go-nosele-noviot-djemper-na-viktorija-bekam-predizvika-niza-polemiki-03.jpg

Во својата кариера Викторија ретко отстапува од веќе омилените кроеви, па така ова парче беше нешто сосема ново за неа.

Џемперот со ролка има целосен отвор во пределот на деколтето предизвика онлајн дебата - дали е ова есенско/зимско парче облека?

dali-bi-go-nosele-noviot-djemper-na-viktorija-bekam-predizvika-niza-polemiki-04.jpg

Во дел од коментарите што беа објавени до нејзините фотографии, голем дел од нејзините следбеници коментираа дека дефинитивно им се допаѓа овој нов необичен џемпер, а дел се прашуваа дали ова воопшто е практично за есен.

„Ќе добиеш загарантирана настинка и затворени дишни патишта“ - стои во еден од коментарите.

Некои отидоа дотаму, што предложија, наместо отвор да се направи мрежест дел.

Дел од Твитер реакциите за новиот џемпер кој веднаш стана хит:

„Не го разбирам џемперот, но ми се допаѓа“.

„Со овој џемпер, доколку немате гради, имате можност тоа и да го покажете“.

Инаку, освен за креацијата Викторија Бекам беше критикувана и за тоа дека не е доволно инклузивна кога станува збор за позитивниот поглед кон телото и дека создава креации само за витки девојки и жени.

dali-bi-go-nosele-noviot-djemper-na-viktorija-bekam-predizvika-niza-polemiki-06.jpg

Сепак, има и такви што се вљубени во формата и во кројот. Што мислите вие?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Плетен џемпер - парче облека кое мора да го имате оваа есен 2024 (фото) Оваа есен ништо не е пошик од плетениот џемпер, без оглед дали ќе купите нов или...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...
Болеро и уште 9 трендови за есен 2024 од модните писти Од Барби фустани, но во поинаков футуристички стил до „леопард“ дезен, кои се мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg