Машки правила за паметен избор на облека

Цели 80% од мажите имаат проблем кога треба да одберат парче облека и не секогаш се сигурни во крајниот избор.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-001.jpg

За да не погрешите при изборот на сако, одело, шорцеви или чевли, следете ги овие едноставни совети и правила.

Класично сако

- Долното копче никогаш не треба да е закопчано, ако копчињата се во еден ред.

- Долните копчиња може да бидат закопчани, само ако сакото има двоен ред копчиња.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-01.jpg

Кошула и машна

- Под сако, се носат само кошули со долги ракави, никако со кратки.

- Кошулите со кратки ракави се носат лежерно, без сако или машна.

- Краватата мора да ја допира линијата на струкот, односно ременот.

- Краватата/ашната по правило би требало да е потемна од нијансата на кошулата.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-02.jpg

Чорапи

- Чорапите би требало да одговараат со бојата на панталоните, не на чевлите.

- Неформалните настани и состаноци дозволуваат шарени и дезенирани чорапи.

- Должината на чорапите мора да е повисока, за кога ќе седнете, да не ви се гледа гол дел од ногата.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-03.jpg

Шорцеви

- Шорцевите не би требало да завршуваат под коленото.

- Синтетиката е добра за спортски настани и тренинзи, но во секојдневието преферирајте природни материјали.

- Шорцевите не се дозволени за деловни состаноци или за на работа.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-04.jpg

Ремен и трегери

- Правилото е едноставно – или ремен или трегери. Никогаш заедно.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-05.jpg

Фармерки

- Кога одбирате фармерки важно е да ги задржите пропорциите на телото. На пример, прешироките фармерки или претесни, може да ви додадат неколку килограми плус.

- Фармерките би требало да ги носите со ремен, колку и да сте лежерно облечени.

- Маиците секогаш се носат врз фармерките, кошулата може и да се стави во нив.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-06.jpg

Чевли

- Бизнис дрес кодот налага чевлите да бидат во иста боја како ременот.

- Чевлите секогаш би требало да се потемни од панталоните.

- Со фармерки се носат полежерни модели на чевли, додека елегантните треба да се носат исклучиво со панталони.

- Сандалите, еспадрилите и мокасинките треба да се носат со боса нога, без да се гледаат чорапи.

mashki-pravila-za-pameten-izbor-na-obleka-07.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg