7 трикови на негуваните жени кои вреди да ги запаметите и примените
Сите ние често се чувстуваме како да сме во „трка“ со времето, а дополнителните замки од секојдневниот живот не престануваат да ни додеваат.
Рана од новите чевли, дамка од кафе на блуза – карактеристично лош почеток на неделата со која мораме да се справиме.
Дека жените со стил се имуни на проблеми од овој тип е една голема заблуда, вистината е дека тие се само добро подготвени за истите.
Без страв, не мора да го менувате целиот гардеробер, единствено треба да се придржувате на неколку едноставни трикови во вашето секојдневие. За волја на вистината, некои од нив започнуваат рано наутро.
Во продолжение за вас издвојуваме 7 трикови на добро негуваните жени кои дефинитивно вреди да се запаметат и применат:
Внимавајте на времето
Утринската рутина обично зазема повеќе време отколку што сте планирале. За појадок, туширање, шминкање и облекување не се доволни само 10 минути.
Затоа, за да избегнете стрес, станете малку порано од вообичаеното и завршете ги подготовките во мир. Повеќето грешки се прават во брзање.
Испланирајте што ќе облечете
Една од најпаметните и корисни одлуки е да подготвите комплетна облека уште претходната вечер. Со самото тоа не ќе мора да „копате“ по плакарите рано наутро и ќе имате повеќе време за други работи.
Внимавајте на долната облека
Жените со стил секогаш имаат соодветна долна облека. Ништо да се проѕира, ништо да ги притиска. Обрнете внимание на материјалот и бојата на облеката и затоа определете која долна облека ќе ја носите.
За лесни панталони, се препорачуваат гаќи без рабови во боја на кожа. Доколку носите маичка без прерамки, задолжително е и вашиот градник да биде без истите.
Обрнете внимание на временската прогноза
Најдобро е да ја слушнете временската прогноза или да погледнете во мобилниот телефон. Наутро температурите се малку пониски, затоа се препорачува слоевита облека.
Носете облека која добро се вклопува
Алфа и омега на убаво стилизираниот изглед се парчиња облека кои добро „се вклопуваат“. Облеката што не е соодветстува со вашиот конфекциски број тешко дека ќе ви стои добро.
Одберете ги вистинските додатоци
Без разлика дали станува збор за чанта, накит или шал - вистинскиот моден додаток ја прави облеката комплетна.
Меѓутоа, да не го заборавиме и најважното правило: помалку е секогаш повеќе!
Секогаш со себе имајте ја вашата „прва помош“
Едноставно, секогаш со себе носете ги работите кои ги сметате за неопходни. На пример, неколку фластери, лак за нокти, коректор или кармин.
Овие работи не заземаат многу простор, и во различни ситуации можат да ви го спасат денот.
Мила М. | Црнобело