Син костим за капење, хеланки - Парчиња облека кои може да бидат опасни
Сите ние имаме одреден стил на облекување и имаме модни трендови што ни се омилени. Сепак, некои парчиња облека на око ни изгледаат удобно, а впрочем нивното носење може да биде опасно во одредени ситуации.
Константното носење хеланки може да предизвика иритација на кожата, со оглед на тоа што се изработени од густи материјали и се тесни, синиот костим за капење може исто така да биде опасен, а некои капи не ве штитат од сончевите зраци.
Погледнете ги објаснувањата во продолжение:
Син костим за капење
Кога купувате костим за капење освен на моделот, треба да се обрне внимание и на бојата – особено ако костимот за капење е наменет за деца.
Иако често сметаме дека сината боја е убава, сепак во некои случаи, таквиот избор може да биде опасен затоа што лесно се преклопува со бојата на водата, па детето станува помалку видливо.
Премногу тесни хеланки
Оние што често носат хеланки знаат дека ова парче облека може да доведе и до иритација на кожата, затоа што се изработени од густи материјали и воглавно се мошне тесни.
Доплнителен проблем создава и тоа што телото може засилено да се поти во хеланки, особено ако се изработени од синтетика, а топлината и влагата се совршена околина за развој и размножување на бактерии. Затоа хеланките треба да се перат по секое носење.
Одредени шапки и капи
Основната функција на капата е да ве заштити од сончевите зраци. Сепак, обичните бејзбол капчиња, иако сите често ги бираме токму нив, не се најдобар избор кога станува збор за заштита од сонце: не ги заштитуваат вратот и ушите, па лесно можете да изгорите во овие делови на телото.
Кога станува збор за шапките, доколку избирате сламен шешир треба да внимавате да нема премногу големи отвори. Запомнете, со оглед на тоа што овие парчиња не ве штитат од сонце, мора да се намачкате со крем за сончање.
Тесно здолниште
Тесното здолниште до под колена, може да изгледа мошне елегантно, но го ограничува движењето. Исто така, со ова здолниште мошне е тешко да ги свиткате колената и да седнете.
Поради ова, кај оние што често носат вакви здолништа може да се јават промени во начинот на одење и држење на телото, а и да се јават болки во грбот.
Облека што се врзува околу вратот
Жените со поголеми гради знаат дека облеката што се врзува околу вратот може да биде мошне непријатна за носење. Маичките, фустаните или бикини костимите што се врзуваат околу вратот може да предизвикаат болки во вратот.
Гладијаторски сандали
Во последните неколку години се вистински тренд и речиси сите ние имаме по некој пар гладијаторски сандали со врвки во гардароберот.
Но, овие сандали не се вистински избор кога станува збор за чевли што можете да ги носите секој ден, иако изгледаат убаво и се удобни за одење.
Врвките може да ја попречат циркулацијата на крвта, што може да доведе до проширени вени.
Очила за сонце без ознаки
Главната функција на очилата за сонце е да ги заштитат вашите очи од опасното ултравиолетово зрачење, па ако очилата немаат ознака УВ 400, нема ниту да ви пружаат заштита.
Особено е опасно да носите црни очила без ознаки – затоа што тие ги држат зениците цело време отворени, а истовремено, ако немаат УВ филтер, во вашите очи ги пропуштаат и штетните зраци, што може да резултира со посериозни оштетувања.
Најлонски хулахопки
Ваквите чорапи изгледаат убаво, но може да предизвикаат оштетување на кожата поради постојаното триење. Освен тоа, може да ја променат и природната положба на прстите и да доведат до негативни последици.
Б. С. Б. | Црнобело