Носење бикини наопаку – трик што го користат познатите дами за визуелно поголеми гради (фото)
Кајли Џенер, Јелена Карлеуша и Јелена Спенџарска се само дел од познатите дами кои сезонава го пробаа новиот хит тренд за на плажа кој визуелно ги зголемува градите – носење бикини наопаку.
Од појавата на бикинито во 1940-тите, дизајнот на овој популарен костим за капење се нема променето многу. Но оваа летна сезона се прослави малку невообичаен начин на носење на популарното бикини – некои од најпознатите жени и девојки во светот го носат бикинито наопаку.
Инстаграм профилите на познатите жени и инфлуенсерките се преплавени со фотки од нивните одмори, а веднаш се забележува дека голем дел од нив го носат бикинито на овој начин.
https://www.instagram.com/p/CK7mGeHneUl/
Во овој случај треба само да го облечете горниот дел од бикинито наопаку, односно врвките кои би требало да бидат под градите да ги ставите околу вратот или како прерамки.
Веднаш ќе забележите дека на овој начин бикинито нуди подобра поддршка на градите и прави да изгледаат малку поголемо и подигнато.
Покрај тоа што овој начин на носење изгледа многу добро, многу девојки нагласуваат дека кога ќе го облечете бикинито наопаку, ќе се чувствувате како да имате потполно нов костим за капење, па нема потреба да купувате нов.
Сепак, инфлуенсерките нагласуваат дека и овој начин на носење си има свои недостатоци – не е многу удобен и треба да внимавате да не ви се измести.