Вирален моден бран: Марама во улога на кроп-топ + уште 4 начини на обликување

Свилените марами претставуваат едни од најбезвременските модни додатоци, како во минатото, така и денес.

Viralen-moden-bran-marama-vo-uloga-na-krop-top 01 630x330.jpg

Овие естетски парчиња можат да се трансформираат во детали за чанти, прекривки на главата, ремени и многу повеќе.

Популаризирани од влијателите на TikTok и Instagram, ова лето марамите дефинитивно го заземаат местото „број еден“, но овојпат ги гледаме во улога на кроп-топ маички.

Секако, марамите во улога на топ не претставуваат новитет, имено тие се повторно вратени на сцената од 2000-те години.

Viralen-moden-bran-marama-vo-uloga-na-krop-top 02 630x400.jpg

Едноставно врзани, обликувани како infinity градник, со синџирче или без, овие модни додатоци се одличен тренди избор, особено поради нивната практичност и различните начини на носење.

Без разлика на начинот на кој ќе се одлучите да ја носите марамата, дали тоа ќе биде лежерна комбинација со тексас шорцеви или фармерки, или пак елегантно кусо или долго здолниште, разноврсноста на ова парче ќе ве доведе до вистински моден погодок.

5 начини на обликување на марама во улога на кроп-топ:

@classycleanchic

how many times did i say tie ?✨⛅️?? #scarftop #scarftutorial #scarfchallenge #scarftrick #scarfstyles

♬ original sound - Emerson ?

Во продолжение за вас издвоивме низа фотки за подобра летна инспирација и одличен изглед:

https://www.instagram.com/p/CQagnFIg540/

https://www.instagram.com/p/CRgETL-sIjl/

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
6 начини како есенскиот мантил да на изгледа здодевно на вас, туку стилски Монотоната беж боја заменете ја за некоја посилна боја или комбинирајте го со об...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Модна инспирација: Седум бои кои ќе бидат хит ова лето Невозможно е да поминете незабележани доколку сте облечени во овие бои. Невоз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg