Мајка и ќерка се облекуваат исто и имаат 60 складни комбинации: „Таа е моја мини верзија“

38-годишната Лора Хемпсон и нејзината 1-годишна ќерка редовно носат складни комбинации и дефинитивно се најслатките модни близначки. Лора вели дека сè почнало како шега, за време на локдаунот, а сега, околу една година подоцна, имаат над 60 складни комбинации.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-01.jpg

Лора живее во Англија и работи за модниот бренд Monki, а решила да ја искористи нејзината креативност за да создава интересни складни комбинации со нејзината ќерка Дарлин.

„Еднаш ѝ облеков жолт комбинезон на Дарлин и помислив дека и јас имам слична облека. Си го облеков мојот жолт комбинезон и го замолив сопругот да нè фотографира, само за забава.

Но реакциите што ги добив онлајн беа прекрасни, па почнав да се прашувам дали имаме друга слична облека. Немаше потреба да купувам ништо ново, бидејќи веќе ѝ купував облека на Дарлин во мој стил и со принтови што би ги носела јас“.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-02.JPG

Лора вели дека најмногу сака животински принтови и точки, а некогаш ја бои облеката на ќерката, доколку таа нема исто парче како неа. 

Лора и нејзиниот партнер, 34-годишниот Дерил, биле заедно 15 години без да имаат деца. Па, за нив бил мошне пријатно изненадување кога дознале дека Лора е бремена и дека очекуваат ќерка.

„Нормално дека ќе бев среќна без разлика на полот, но ми беше слатко кога помислував дека ќе имам минијатурна верзија од мене“.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-10.JPG

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-04.JPG

На почетокот Лора не купувала многу облека за Дарлин, но откако почнала со забавниот проект, тоа се променило.

„Сега има полн гардеробер и ако видам нешто на попуст, дури и ако Дарлин нема да може да го носи неколку години, го купувам и го чувам за во иднина“.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-09.JPG

Лора работи во модната индустрија околу 15 години, па овој проект со ќеркичката е вистинско уживање за неа.

„Многу сакам да ја дотерувам. Многу сакам и да ѝ купувам облека – купувам повеќе за неа отколку за мене. Многу се забавувам кога правам складни комбинации, а нејзините реакции се бесценети. Можеби се срами од мене, но уште не може да ми каже“, вели Лора на шега.

Засега Лора не планира да престане со заедничките модни комбинации, но вели дека ако некогаш не ѝ се допаѓа на ќерка ѝ, ќе го почитува тоа.

„Ќе продолжам сè додека таа не е доволно голема и не почне да се облекува поразлично“.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-07.JPG

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-03.JPG

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-08.JPG

Лора постојано добива позитивни коментари за складните комбинации, а вели и дека некогаш ја застануваат на улица.

„Се разбира, не сме секој ден во складни комбинации. Дарлин има прекрасна облека, но не можам да ги комбинирам сите мои парчиња со нејзините. Но кога ќе нè видат луѓето кои нè познаваат, малку се разочарани кога не сме облечени во иста облека“.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-05.JPG

Лора признава дека во периодот пред да стане мајка им се смеела на родителите кои се облекувале исто како нивните деца, но сега вели дека ова ѝ е една од најзабавните активности со ќерката.

„Дарлин се роди среде пандемија, па во локдаунот бевме само јас и таа. Сето ова е само добро сеќавање“.

imame-60-skladni-kombinacii-38-godishna-majka-i-1-godishnata-kjerka-se-najslatkite-modni-bliznachki-06.JPG

Досега Лорен и Дарлин имаат околу 60 складни комбинации, но сигурно можеме да очекуваме многу повеќе.

Повеќе фотки од модерните мајка и ќерка:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg