Бела Хадид е модна кралица, Хелен Мирен зрачи на 75 – модата на црвениот тепих на Кански фестивал 2021 (фото)
Отворањето на Канскиот фестивал го врати гламурот на црвениот тепих – Бела Хадид ги засени сите со својата сексапилност и грациозност, а Хелен Мирен зрачи со елеганција на 75 години.
Одржувањето на големите светски настани е знак дека полека животот почнува да се враќа во нормална, а ѕвездите ги диктираат новите модни трендови на црвениот тепих.
На 6-ти јули се отвори Канскиот фестивал, а на црвениот тепих прошетаа славните личности во уникатни модни изданија.
Бела Хадид дефинитивно се издвои и ги засени сите со својот сексапил и грациозност, облечена во бело-црна тоалета.
75-годишната Хелен Мирен зрачеше со елеганција и младешки дух облечена во целосно сончево-жолта комбинација, а Кендис Сванапул се појави во светкав комбинезон со длабоко деколте.
Погледнете ja модата на црвениот тепих на Кански фестивал 2021:
М. М. | Црнобело