Тренди непогрешлив избор: Како да ја искомбинирате класичната, бела маичка за буквално секоја пригода?
Белата маичка е едно од оние „основни“ парчиња облека кои секогаш е добро да се имаат во гардероберот, па дури и во неколку варијанти.
Потребна е мала инспирација за секој ден од летото да изгледате „шик“ и тренди, без разлика на пригодата во која се наоѓате.
Со широки ракави, потесен крој, нагласени рамена или пак со прерамки, белата маичка лесно се вклопува во буквално секоја комбинација.
Без разлика на тоа кој модел ќе го одберете и дали тоа ќе биде сосема обична бела маица или со некаков натпис, принт или пак апликација, важноста е во деталите кои ќе го надополнат целокупниот изглед.
Можеби порано беше незамисливо да се носи бела маица на работа, но овие барикади денес се срушени.
Белата маичка е навистина практична и лесно прилагодлива за сечиј стил, што е само дополнителна причина да ја имате.
Доколку ви недостига малку повеќе модна инспирација, во продолжение за вас извоивме низа фотки кои прикажуваат разни начини како можете да ја комбинирате едноставната, бела маичка за буквално секоја пригода:
Бела маичка и тексас фармерки
Бела маичка и панталони
Во улога на под-маичка
Бела маичка и кусо здолниште
Бела маичка и долго здолниште
Бела маичка и шорцеви
Мила М. | Црнобело