8 модели на обувки кои не изгледаат „евтино“, дури и ако ги купите по многу ниска цена
Никогаш нема да погрешите со еднобојни балетанки
Кога купувате балетанки, избегнувајте ги многу шарените модели, како и моделите со панделки и слични украси.
Еднобојните минималистички балетанки ќе изгледаат одлично дури и ако сте платиле смешно ниска цена за нив.
Обрнете внимание каде е поставена штиклата
Ако штиклата почнува на самиот раб на чевлите, тие ќе изгледаат „евтино“. Од друга страна, ако штиклата почнува под петата, чевлите ќе изгледаат многу подобро и поскапо.
Неутралните нијанси секогаш изгледаат поскапо
Секогаш би требало да имате еден пар црни и еден пар чевли со високи потпетици со беж боја – овие бои изгледаат добро без разлика на цената.
Црните чевли со високи потпетици се одлични за постудените месеци, додека светлите се одлични за летните и пролетните комбинации.
Избегнувајте светкави модели со дополнителни украси
Сребрените или златни сандали можат да изгледаат мошне добро, но само ако на нив нема и други детали.
Кога на светкавите чевли ќе додадете и украси како скапоцени камења, тие ќе изгледаат натрупано и кич.
Спирова С. | Црнобело