8 модели на обувки кои не изгледаат „евтино“, дури и ако ги купите по многу ниска цена
Кадифени чизмички, минималистички балетанки - некои обувки изгледаат луксузно и скапо, без разлика колу пари сте дале за нив.
Само затоа што некое парче облека или пар чевли се скапи, не значи и дека ќе изгледаат добро. Можеби поскапите парчиња ќе бидат поквалитетни, но високата цена никогаш не е гаранција дека она што сте го купиле е добро и ќе ви стои добро.
Кога станува збор за чевли, наместо да ја гледате цената, поважно е да обрнете внимание на некои други детали, како материјал, боја, украси…
Во продолжение, пак, погледнете кои модели на обувки нема да изгледаат „евтино“, дури и ако ги купите по многу ниска цена:
Чизмички од антилоп секогаш изгледаат подобро од лакираните
Чевлите од антилоп секогаш ќе изгледаат „поскапо“ и подобро од лакираните или чевлите од вештачка кожа. Покрај тоа, поради материјалот, тие нема да ја изгубат бојата и е многу потешко да ги изгребете или оштетите.
Еспадрилите се секогаш добар избор
Еспадрилите се удобни, лесно се вклопуваат во секоја комбинација и никогаш не изгледаат евтино. Уште подобро ако одберете модел со врвки и висока полна пета.
Кога станува збор за бојата, само осигурете се дека ќе можете лесно да ги комбинирате со што е можно повеќе парчиња облека.
Купувајте штикли без платформа
Кога купувате штикли, најдобро избегнувајте ги моделите со платформа кои неретко изгледаат „евтино“.
Ова правило не важи за рамни чевли – тие можат да изгледаат одлично и со поголема платформа.
Суптилните украси изгледаат многу добро
Ништо не ги заменува класичните модели на чизми без никакви додатоци, но кога станува збор за суптилни детали, како мало синџирче, можат да им дадат посебен шмек на чизмите.