Огромни чанти, миди здолништа – Најчестите модни грешки што ги прават пониските девојки и жени
Преферирате фармерки со низок струк
За разлика од фармерките со низок, моделите со висок струк ќе ги издолжат вашите нозе, па ќе изгледате повисоко.
Добро би било да обрнете внимание и на должината на ногавиците – ако ногавиците завршуваат многу над глуждовите, вашите нозе ќе изгледаат пократки.
Купувате многу големи чанти
Огромните чанти се многу практични, но можат да создадат контраст и да направат да изгледате пониско.
Избегнувате кошули, блузи и слично со „V“ отвор
Овие отвори се одлични за пониските девојки и жени бидејќи го издолжуваат вратот и создаваат илузија на повисока фигура.
Кога станува збор за јаки, избегнувајте ги асиметричните, бидејќи можат да направат да изгледате пониско.
Имате многу долга коса
Ако вашата коса е многу долга, таа ќе биде акцент на вашиот изглед и може да ве направи пониски. Најдобро би било да имате коса со средна должина, па дури и многу кратка.
Ако сепак си ја сакате долгата коса, постои трик што ќе ве направи визуелно повисоки – соберете ја косата во високо опавче.
Носите многу широки фустани
Широките фустани се удобни, но не се најдобар избор за пониските девојки. Ќе изгледате многу подобро, а и малку повисоко, ако ја нагласите половината со колан или одберете модел кој ја следи линијата на вашето тело.
Спирова С. | Црнобело