Најдобрите материјали за лето во кои кожата полесно „дише“
Дефинитивно нема да може да ги избегнеме високи температури и силното сонце во наредниот период. Но можеме да си го олесниме животот со носење на природни, лесни материјали во кои кожата ќе „дише“ полесно.
И во текот на летото облеката мора да биде што е можно попријатна, со оглед на температурите кои секојдневно достигнуваат над 35 степени.
Облеката којашто ја носиме може да ни го загорчи или олесни животот во екот на пеколните температури, а ние го бираме второто:
Лен
Материјал на летото! Брзо ја апсорбира и ослободува водата, а потењето значително се намалува во ленена облека, бидејќи овој материјал собира дури една четвртина од влагата на телото.
Памук
Овој материјал е лесно достапен и воедно најчестиот кога станува збор за изработка на облеката. Памукот е мек, пријатен и сигурно ќе се чувствувате удобно во него во текот на целиот ден, без оглед на висината на термометарот.
Свила
Рафинирана и иако навидум е наменета за луксузни парчиња, сепак имајте барем едно свилено парче за лето. Панталоните или свилените фустани се лесни, оддаваат чувство како да се дел од кожата и како да ја ладат, а таа дефинитивно дише полесно.
(О)Милена | Црнобело