10 модни совети за повозрасни жени кои сакаат да го освежат својот изглед
Нагласете ја женственоста со фустани
За повозрасните жени е најважно да се чувствуваат удобно во фустанот кој го носат ако сакаат да изгледаат добро.
Ако сакате да ги истакнете нозете, одберете модел со должина до или малку над колената. За лежерна комбинација или кога не сакате да ги откривате нозете, можете да одберете долг модел со неутрална боја или интересен дезен. Во овој случај, дефинитивно одлично ќе ви стојат и бохо фустаните.
Не се откажувајте од здолништата
Само затоа што сте повозрасни не значи дека треба да заборавите на здолништа. Во овој случај само внимавајте моделот да не биде многу краток, односно не пократок од колената.
Вметнете некоја жива боја
Нема потреба да се држите само до неутрални бои. Ако знаете како да ги комбинирате боите, слободно облечете се во розово, жолто, портокалово…
Некогаш доволно е да купите и само еден детаљ со пожива боја, како чанта или чевли.
Носете патики со лежерни комбинации
Претпоставуваме дека во овие години најважен ви е комфорот, па слободно комбинирајте ги удобните патики со лежерна облека.
Купете си кожена јакна
Кожената јакна е незаменлива и дефинитивно може да ве подмлади. Можете да ја комбинирате со лежерна, но и со поформална облека.
Истото важи и за тексас јакната.
Спирова С. | Црнобело