10 модни совети за повозрасни жени кои сакаат да го освежат својот изглед
Само затоа што имате 50, па и повеќе години, не значи дека треба да се откажете од модерната облека.
Баш напротив, вие сте во годините кога изгледате најженствено, па добро би било да го нагласите тоа со вашата облека.
Ако сметате дека сте го запоставиле вашиот стил и сакате да го освежите гардероберот, тогаш можеби ќе ви се најдат следниве 10 совети:
Внимателно одбирајте ги јаките
Најдобро е да избегнувате фустани, кошули и слично со многу длабоко деколте, кое може да изгледа невкусно. Наместо тоа, ако сакате отворена јака, одбирајте модели што ќе ви ги нагласат рамената и вратот.
Во овој случај најважна е рамнотежата – ако носите поотворена јака, немојте да ја комбинирате со многу кратко здолниште или фустан, или многу кратки панталони.
Ако сакате фармерки, слободно носете ги
Не залудно фармерите се најпопуларните панталони во светот. Уште подобро е што тие не знаат за возраст и можете да изгледате добро во нив, без разлика колку години имате.
Само обидете се да ги избегнувате многу тесните модели или фармерките со многу низок струк.
Носете пошироки панталони
Најдобро купувајте класични или пошироки панталони, со неутрални бои и суптилни дезени.
Џемперчето ви е „најдобар пријател“
Џемперчињата со копчиња се одличен начин да ја дополните комбинацијата кога времето е променливо и лесно можете да ги комбинирате со скоро секаква облека.
Не заборавајте на сакото
Сакото е безвремено парче облека, па добро би било да инвестирате во неколку модели. Сакото можете да го носите со фармерки, кошули, маички, здолништа – и во деловни, и во лежерни комбинации.