„Грдите чевли“ сепак ќе бидат хит ова лето – удобни и покрај потпетиците од 9 cm (фото)
Модата се „врти во круг“, но последниве неколку сезони, уличната, односно секојдневната мода е постојано во знакот на удобноста, но и враќањето кон природата и обновливите извори.
Природните материјали стануваат сè попопуларни, особено памукот и ленот. Но, модната куќа Bottega Veneta на чело со креативниот директор Даниел Ли реши за новите папучи да употреби материјали како слама и рафија.
Иако го носат епитетот „грди“, сепак, овие очигледно удобни папучи, и покрај потпетиците од 9 cm, ги освоија сите.
Сите побрзаа да ги купат поради интригантната плетка, а одлично се комбинираат со фармерки, фустани и здолништа. Доаѓаат и во друга варијанта, односно рамен модел без потпетици.
Цената на оригиналниот дизајн изнесува неверојатни 800 евра, па други брендови решија да ги ископираат и да понудат свои верзии од овие „плетени“ папучи со широк, квадратен преден дел.
Што мислите вие, дали ви ги носеле ова лето?
https://www.instagram.com/p/CNu8wZeJa5M/
https://www.instagram.com/p/COuUQOInx26/
https://www.instagram.com/p/COsmnQhlwqy/
https://www.instagram.com/p/CDTxCcOl_NA/
https://www.instagram.com/p/COqS-F4BPel/
https://www.instagram.com/p/COo7FBBrcBd/
https://www.instagram.com/p/COo6-nWrSUY/
https://www.instagram.com/p/COnnuKTMKtb/
https://www.instagram.com/p/COmFif3trRe/
(О)Милена | Црнобело