75-годишен дедо вљубен во уличната мода докажува дека стилот не знае за возраст (фото)

Поради некоја причина, повеќето повозрасни луѓе се откажуваат од тренди облеката, но овој 75-годишен дедо кој е вљубен во блузони, капчиња и тренди патики е доказ дека стилот не знае за возраст и можете да бидете модерни без разлика на вашата возраст.

75-godishen-dedo-vljuben-vo-ulichnata-moda-dokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-vozrast-foto001.jpg

Многу луѓе ја користат облеката за да се искажат себеси, но факт е дека обично само помладите си дозволуваат да носат тренди облека и повеќето возрасни луѓе се водат по она дека некоја облека не им личи на годините.

Но, фотографот Џаник Диефенбах и неговиот 75-годишен дедо започнале проект кој е доказ дека стилот не знае за возраст и можете да носете што сакате, без разлика колку години имате.

75-godishen-dedo-vljuben-vo-ulichnata-moda-dokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-vozrast-foto-05.jpg

Џаник го фотографира неговиот дедо во тренди комбинации, некогаш инспирирани и од славни личности како Канје Вест и Џастин Бибер, кои потоа ги објавува на Инстаграм. На фотките неговиот дедо носи капчиња, блузони, шарени панталони и што уште не, а секогаш изгледа одлично.

75-godishen-dedo-vljuben-vo-ulichnata-moda-dokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-vozrast-foto-02.jpg

75-godishen-dedo-vljuben-vo-ulichnata-moda-dokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-vozrast-foto-03.jpg

Џаник почнал да го фотографира дедо му на крајот од 2016-та, а проектот станал толку популарен, што денес Инстаграм профилот го следат 1 милион луѓе.

„Ја имав идејата и го прашав дедо дали сака да ја проба мојата облека и, на мое големо изненадување, ми рече да. Така започна сè“.

75-godishen-dedo-vljuben-vo-ulichnata-moda-dokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-vozrast-foto-06.jpg

Претходно неговиот дедо не обрнувал внимание на својот стил, исто како и повеќето луѓе на негова возраст.

„Дедо се облекуваше како просечен пензионер, со здодевна облека и воопшто не сакаше спортски парчиња. Кога ја проба мојата облека, се чувствуваше одлично и му се допадна како изгледа. Бидејќи се чувствуваше толку добро, а фотосесиите му беа забавни, продолживме со проектот со разни комбинации. Со текот на времето, почна да носи ваква облека и во секојдневниот живот. Сега најмногу сака улична мода и патики“.

75-godishen-dedo-vljuben-vo-ulichnata-moda-dokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-vozrast-foto-04.jpg

Погледнете дел од комбинациите на овој модерен дедо:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg