9 совети со кои најдобро ќе одредите дали облеката ви е навистина точна

Кога купувате облека, не е важен само нејзиниот изглед, туку многу поважно е да го одберете вистинскиот број.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-01.jpg

Но, бидејќи сите луѓе имаат различна градба на телото, а и конфекциските броеви можат да бидат различни од една до друга продавница, може да биде тешко да го одберете парчето со вистинската големина.

Затоа, погледнете на што треба да обрнете внимание за да знаете дека сте купиле облека со точен број:

Ракавите не треба да се подолги од прстите на раката

Ако ракавите на блузата, џемперот и слично ги покриваат вашите прсти, тогаш се предолги. Најдобро е должината на ракавите да биде до средината на вашата дланка.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-02.jpg

Не треба да ви се гледаат чорапите кога сте застанати

Кога станува збор за долги панталони, вашите чорапи не би требало да се гледаат кога стоите. Исто така, ако ногавиците се набрани на долниот дел, тоа значи дека се предолги.

Најдобро е кога сте застанати, ногавиците од долгите панталони да завршуваат точно на вашите чевли.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-03.jpg

Копчињата од кошулите и блејзерите не треба да бидат затегнати

Ако материјалот околу копчињата на кошулите е премногу затегнат кога ќе ги закопчате, дефинитивно ви треба поголем број.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-04.jpg

Рабовите на горниот дел од блузата треба да имаат иста должина како рамената

Кога купувате блузи, секогаш обрнувајте внимание на горните рабови. Тие треба да имаат иста должина како и вашите рамена, а не да „висат“ од нив.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-05.jpg

Џебовите на панталоните не треба да се познаваат

Ако џебовите на панталоните се познаваат кога ќе ги облечете, тоа значи дека или ви треба поголем број, или тој модел не одговара на вашата конструкција.

Џебовите од панталоните треба да се „залепени“ за вашите нозе.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-06.jpg

Облеката мора да ви биде удобна

Ако не се чувствувате удобно во некое парче облека, најверојатно треба да пробате друг број. Кога, на пример, ги кревате рацете, не треба да се крева и блузата или да чувствувате затегање.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-07.jpg

Обично машките панталони не треба да се залепени за телото

Освен ако не купувате тесен модел, машките панталони не би требало да бидат залепени за нозете.

Исто така, ако чувствувате затегање додека се движите, добро би било да пробате поголем број.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-08.jpg

Чевлите не треба да ви предизвикуваат рани на прстите

Ако чувствувате болка и ви се појавуваат плускавици на прстите од чевлите, тоа значи дека тие се мали за вас.

Исто така, кога носите чевли вашето стапало треба да биде прицврстено и да нема простор за лизгање. Во спротивно, чевлите се големи за вас.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-09.jpg

Појасот на панталоните и здолништата не треба да се крева додека се движите

Штом појасот од вашето здолниште или вашите панталони се крева нагоре додека се движите, најдобро е да купите поголем број.

9-soveti-so-koi-najdobro-kje-odredite-dali-oblekata-vi-e-tochna-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg