Маја Кикириткова, дизајнер: „5-те најголеми модни грешки на девојките + моите 5 омилени комбинации“

„Хеланки и високи потпетици. Големо НЕ. Хеланките се спортско парче облека и во комбинација со високи потпетици изгледаат невкусно“, вели Маја Кикириткова и наведува уште 4 најчести модни грешки.

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-01.jpg

Маја Кикириткова на македонската модна сцена е од 2009 година. По струка е магистриран моден дизајнер. Има завршено академија за дизајн во Белград.

Моментално твори под брендот Елеазар и работи и меки кукли, облечени во исто дизајнерско парче облека како и детето, Совршен Пар. Веќе пет години предава моден дизајн на Универзитетот ААБ во Приштина.

За CRNOBELO.com таа открива кои се 5-те најголеми грешки кои ги прават девојките:

1. Кратко здолниште и деколте во комбинација. Или едното или другото. И двете откриваат премногу и нема потреба да се комбинираат заедно.

2. Комбинација на неколку принтови. Доколку носите еден принт, остатокот од облеката треба да биде во една боја, за да нема многу конфузија и самото парче со принт да дојде во преден план.

3. Хеланки и високи потпетици. Големо НЕ. Хеланките се спортско парче облека и во комбинација со високи потпетици изгледаат невкусно.

4. Тесни фармерки, чизми со високи потпетици над колена и тесно блузиче со гол стомак. Оваа комбинација изгледа толку многу невкусно, што преминува во вулгарност.

5. Премногу шминка за дневен look. Сè повеќе се фаворизира натурал шминка, без разлика дали е тоа за дневна или вечерна комбинација.

Маја Кикириткова за CRNOBELO.com ги открива и 5-те свои омилени комбинации:

1. Бело одело. Струкирано сако со нагласени раменици и појас на струк, за негово дополнително нагласување и широки панталони со висок струк. Често знам да го искомбинирам и со долг бел мантил. Обожавам комбинација на слоевита облека од парчиња изработени од ист материјал.

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-03.jpg

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-07.jpg

2. Фармерки и бела свилена широка кошула. Оваа комбинација можам постојано да ја носам, изгледа толку лежерно, а толку секси.

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-06.jpg

3. Кошула-фустан до под колена во песок боја, која ја комбинирам на најразлични начини. Ја носам само како фустан, со џинс, шорц, патики, високи потпетици. Еве една комбинација со џинс во бела боја.

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-02.jpg

4. Свилена кошула во маслинка боја и широки панталони до глужд во истата боја. Оваа комбинација е толку удобна. Ја комбинирам и со патики и високи потпетици, во зависност од пригодата.

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-05.jpg

5. Волуменозен џемпер во бело-крем боја и романтично здолниште од тул во истата боја. Многу сакам да комбинирам различни материјали. Нешто меко и лелеаво, во комбинација со волуменозни џемпери или пак кожена или џинс јакна.

maja-kikiritkova-dizajner-5-te-najgolemi-modni-greshki-na-devojkite-moite-5-omileni-kombinacii-04.jpg

Како што можете да забележите, бело, крем и сите земјени тонови се моите омилени бои.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 грешки со кои несвесно правиме да изгледаме постаро отколку што сме Впечатливи цветни принтови, темна сенка за очите... Што треба да избегнуваме за ...
5 грешки кога комбинирате зимска капа (и како да ги исправите) Темна капа не оди во комбинација со темни очила, но ни шубара не се комбинира со...
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg