Не мешајте повеќе брендови во спортските стајлинзи и уште 7 модни заповеди од стилистка на ѕвездите
Совет број 1: Изберете добра долна облека затоа што таа е основата која ви е потребна за да се чувствувате самоуверено во парчињата што ги носите на себе, куќата се гради од темелите.
Стилистката на ѕвездите Гема Шепард од Велика Британија дава совети како да изгледате шик и како стајлингот да не ви изгледа евтино.
Таа вели дека клучно е обрнувањето внимание на деталите во изгледот.
Нејзините совети за како да изгледате добро се:
- Изберете добра долна облека затоа што таа е основата која ви е потребна за да се чувствувате самоуверено во парчињата што ги носите на себе, куќата се гради од темелите.
- Обрнувајте внимание модните парчиња совршено да ви прилегаат на телото, па дури и ако треба појдете на кројач да ви ги скрати ракавите или да ви го стесни фустанот во пределот на струкот. И никако не купувајте облека во погрешен број.
- Носете накит кој е впечатлив и притоа не ставајте милион парчиња на себе – водете се од правилото „помалку е повеќе“.
- Не носете истуткани и развлечени парчиња облека кои прават да изгледате неуредно, дури и да не сакате да пеглате, изберете такви модели кои не бараат пеглање.
- Не мешајте повеќе брендови наеднаш и не правете хаос во логоа во спортските стајлинзи.
- Додавајте им нови детали на вашите парчиња облека – едно копче на јакната може да направи голема промена.
- Користете соодветни детергенти при перењето за да не се губи сјајот на боите на облеката.
- Задолжително кријте ги прерамките од градниците или носете градници без прерамки – нема нешто што го уништува стајлингот повеќе од тоа.
С. С. | Црнобело