Коса прибрана со шнола и уште 8 работи кои ви додаваат години на изгледот
Oд волуменозен ретро накит до шалови со чудни плетки, кои работи ви додаваат години на изгледот?
Модните трендови кога се применуваат правилно прават да изгледате тренди, интересно и свежо.
Сепак, постојат и работи кои може да ви додадат години на изгледот.
Работи во стајлингот кои ви додаваат години:
Водење од правилото дека чантата и чевлите секогаш мора да се во иста боја
Ова важеше во 2000 година, сега треба да направите креативен хаос од бои.
Накит од монисти
Овој тип на накит е соодветен за тинејџерки, а ако сте постара жена и го носите ќе изгледа како да сте носталгични по младоста.
Гломазни очила за сонце
Масивните очила за сонце додаваат години дури и на најмладешкото лице. Одлучете се за поедноставна и пософистицирана варијанта.
Капи со украси
Капите со цветови и други украси може да направат да изгледате како постара личност која се обидува да изгледа детинесто. Држете се до софистицирани модели.
Шалови со чудни плетки
Комплексните плетки се демоде, одберете поедноставни.