Рачни изработки: Мери Зивчевска Кацарска - архитект кој ужива во изработка на накит и модни додатоци

Мери Зивчевска Кацарска, по професија архитект која својата креативност ја применува во рачни изработки како накит и модни додатоци: „Ова го правам повеќе од 15 години иако сум дипломиран инженер архитект креативноста ја наоѓам насекаде, а не само во објектите.“

rachni-izrabotki-meri-zhivchevska-arhitekt-koj-uzhiva-vo-izrabotka-na-nakit-i-modni-dodatoci-01.jpg

„Отсекогаш сум сакала да рециклирам и да реупотребувам материјали и да наоѓам нивна повторна примена. Накит правам откако знам за себе. Материјалите што ги употребувам се разновидни. На почетокот рециклирав материјал од облека која веќе не се употребува, во комбинација со перли, монистри, жица ... потоа продолжив со полимерна глина и епоксидна смола, а сега и со глина која се суши на воздух која дополнително ја исцртувам и бојам.“

Мери го креира својот бренд Мериленд. 

На прашањето кои се најбарани модни додатоци, таа вели:

„Најбарани парчиња се обетките од полимерна глина, брошевите од текстил и ланчињата од airdryclay. Секој материјал си нуди свои опции и можности за остварување - сакам да експериментирам низ и креативниот процес многу лесно влегувам во нивни заеднички комбинации.“

„Омилени парчиња немам, сите се мои чеда и си ги сакам подеднакво, во зависност од расположението и моменталната емоционална состојба никнуваат нови и нови парчиња секогаш различни од претходните. Токму таму ја наоѓам убавината во секоја творба и поттик“ - вели Мери.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg