„Моите 5 омилени парчиња облека“ со Бојан Гиевски, инфлуенсер
Млад, амбициозен, искрен и секогаш насмеан човек кој сосема непланирано влезе во светот на инфлуенсерството.
„Сè започна со моите чести патувања и травел блоговите кои ги пишував за еден наш магазин, но ситуацијата со Covid-19 ги промени сите планови, па моите травел блогови ги претворив во модни приказни.
Работам како одговорно лице за финансии и контрола на усогласеност со прописи во една швајцарска фармацевтска компанија, а секој слободен момент го користам за одмор, релаксација, слушање музика или добра серија на Netflix.“ - вели Бојан за CRNOBELO.com.
Кои се 5-те омилени модни парчиња без кои Бојан не може да си го замисли гардероберот?
1. Црно одело
Задолжително парче облека кое секој маж мора да ја има во својот гардеробер и затоа е број еден во моите топ 5. Причината е едноставна, може да го комбинирате на многу начини, а тоа е најважно, да бирате парчиња облека кое се лесни за комбинирање.
Ако сакате да го избегнете класичниот крој на црно одело изберете со дворедно закопчување и ефектни копчиња.
Комбинирајте го со бела кошула и шамивче со ефектен дизајн или модни додатоци како ланче, алка, часовник...во зависност од приликата.
2. Тексас
Back to 90’s! Тексасот никогаш не излегува од мода, а посебно добри фармерки или добра тексас јакна. Лесни се за комбинирање, а многу ефектни.
Додадете очила за сонце, ланче или некој друг моден додаток и сè тоа може да изгледа многу фраерски. Мој секојдневен избор со едноставни маица и патики, идеална комбинација за кафе и викенд прошетка.
3. Ролка
Иако имаше период кога ролките излегоа од мода и не беа баш актуелни, последните две сезони повторно се враќаат на голема врата во машката мода.
Јас многу често ги носам, без разлика дали станува збор за релаксирана комбинација (ручек со пријатели) или со сако за деловни состаноци и работни обврски.
Можете да ги комбинирате и со кошула, но и со добра кожена јакна, чизми и шешир – вистинска модна добитна комбинација. Моја препорака: изберете бои на ролки кои се лесни за комбинирање!
4. Летна комбинација со ленени кошули
Летото само по себе ја носи потребата од свежи бои и лесни материјали. Изберете комбинации во кои ќе се чувствувате пријатно, а сепак ќе зрачите со убава летна енергија. Пренесете ја свежината на летото во вашите модни комбинации.
Ленени кошули со завратени ракави, кратки пантолони, мокасини, многу маици со кратки ракави - сè тоа го има во изобилие во мојот гардеробер кога е во прашање летната сезона.
5. Дуксери
За мене, не постои покомотно парче облека и затоа заслужено е во моите топ 5. Среќа што во последните неколку години се многу актуелни и модерни и се носат буквално во секоја прилика и на многу разни начини.
Комбинирајте ги како сакате, нема да погрешите! Јас ги имам во изобилие, во сите бои и обожавам да ги носам.
Бојан и неговите модни комбинации како и патувања може да го следите на неговиот Инстаграм профил.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива на Бојан Гиевски