10 заблуди поради кои никогаш нема да бидете модна икона
„Ултра кратките фустани и длабокото деколте се секси.“
Агресивната сексуалност е заплашувачка, па дури и невкусна. Многу посекси ќе изгледате со сако и маичка со тантела што ѕирка оддолу.
„Мајка ми ме научи секогаш да се облекувам пристојно.“
Ова е смрт за стилот. Понекогаш навистина треба да облечете секси фустан или да си ја купите скапата впечатлива чанта што ви се допаѓа.
„Што мислат луѓето за мојот стајлинг?“
Навистина нема потреба да се заморувате со бабите на клупата пред зграда или соседите, тие дефинтивно не се соодветните модни критичари.
„Бидејќи го купив ова скапо брендирано парче ќе го носам постојано за да ми се исплати.“
Штедевте долго и посакуваната чанта конечно е ваша, но тоа не значи дека треба да ја носите 365 дена во годината. Модно правило е ако не можете да си дозволите, тогаш треба да купите повеќе парчиња со средна цена и добар квалитет, отколку едно прескапо од кое нема да се одвоите.
„Се дотерувам само за да му се допаднам на мојот маж.“
Вака не само што ќе го изгубите стилот, туку и индивидуалноста и слободата генерално.
С. С. | Црнобело