5 модели на блузи кои ќе го расипат изгледот на вашата фигура
Зошто маиците со волуменозни декорации се проблематични? Зошто е подобро да облечете маица со V-израз отколку со кружна форма кај деколтето?
Сте облекле ли досега блуза која направила да не се чувствувате пријатно и да не ви се допаѓа рефлексијата во огледало?
Понекогаш изборот на модел може да го расипе изгледот на вашата фигура.
Несоодветни модели на блузи:
Тесна со кратки ракави
Не само што го истакнува вашиот стомак, туку и вишоците под пазувите, а рамениците ви ги прави тесни.
Маици со волуменозни декорации
Мора да бидете многу внимателни со маиците со големи декоративни елементи како карнери или машни затоа што тие може да го привлечат вниманието на најпроблематичните делови од телото.
Пеплум модел
Ова е демоде модел кој го истенчува струкот, но во случај ако имате тело во форма на круша не е соодветен затоа што ќе ви ги пренагласи широките колкови.
Големи принтови
Полничките девојки дефинитивно не треба да носат блузи со големи цветови, палми или други дезени затоа што тие го нагласуваат вишокот килограми.
Блуза со широко кружно деколте
Ако имате полнички раце, големи гради и стомак, тогаш овие маици ќе го нагласат тоа. Подобро е да избирате модели со V-форма кај деколтето, кои ја истенчуваат фигурата.
С. С. | Црнобело