Генијален TikTok трик – направете си бралет од стариот градник со корпи (видео)

Дома сигурно имате барем еден градник со корпи што не го носите, но со овој генијален TikTok трик ќе му дадете „втор живот“.

genijalen-tiktok-trik-napravete-si-bralet-od-stariot-gradnik-so-korpi01.jpg

TikTok стана најдобриот извор на трикови и идеи, без разлика дали за храна, шминка или облека. Деновиве се прослави уште еден „направи сам“ проект, кој ќе им се допадне на сите девојки и жени.

Корисниците на социјалната мрежа почнаа да објавуваат туторијали за тоа како да им дадете втор живот на старите градници со корпа и да ги претворите во бралет. За целиот проект ќе ви треба само стар градник и пар остри ножици.

Сè што треба да направите е внимателно да го исечете сунѓерот од градникот, така што ќе ви остане само делот од чипка.

Оние кои го пробале трикот велат дека е многу лесен за изведување, и само затоа што ги отстранувате корпите, не значи дека бралетот ќе ви биде голем.

Напротив, девојките кои го пробале трикот нагласуваат дека чипката ќе „легне“ на вашите гради совршено. Дури и ако градникот ви е малку тесен, кога ќе ги извадите корпите ќе добиете бралет со совршена големина за вас.

Погледнете неколку туторијали кои ќе ви помогнат да го трансфомирате стариот градник во бралет:

@alexafletcher

Tutorial for those that asked!! I tried ? #diy #fyp #tutorial #bralette

♬ original sound - Alexa
@karli_killa

Y’all have to try this #bralette #thriftflips #diy #upcycle #fashion #diyfashion

♬ Chun Swaee ITSBARBIEBETCH - Ava ?
@ki1ynn

Watch me destroy my bras for the better #NFLPlayoffs #bralettechallenge #bralette

♬ CRAFT - OFEKNIV
@hnanue

Thanks tiktok for reporting it because you can see a BRA. #bralette #bra #bra #diy #foryoupage #foryou #fyp

♬ Originalton - honey

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg