Како еко-мрежичката за на пазар од времето на Југославија стана хит чанта? (фото)
Ако во време на Југославија никој не излегувал од дома без мрежичката за на пазар, која била еко варијанта за обичните кеси, сега модните имиња истата ја шетаат по светските метрополи.
Плетената торба, своевремено создадена за на пазар, издржувала до 70 килограми, а првпат се појавила во Чешка во 1920-тите години.
Сега, речиси цел век подоцна, еко-компаниите ги враќаат во мода овие алтернативи со цел да се намали употребата на пластични кеси.
Не е реткост истиот дизајн да го видиме со дизајнерски потпис, како „шета“ во рацете на модно и еко-свесните жени и девојки.
Како се одвиваше еволуцијата на оваа еко-торбичка за на пазар, за да стигне до модните писти:
М. Д. | Црнобело