Скршеното срце никогаш не изгледало волку добро - нова поинаква колекција на SWATCH за „Денот на вљубените“
Скршеното срце никогаш не изгледало волку добро.
Многумина веруваат дека времето може да го излечи скршеното срце. Затоа, за овој Ден на вљубените, Swatch ги поздравува сите кои се сингл и кои се откажале од љубовта, со нова колекција и кампања која носи нешто ново во најважниот ден за љубовта.
Наместо вообичаените романтични пораки, четири Swatch часовници ќе ја пренесуваат спротивната порака. Секој од нив раскажува приказна за скршено срце, со доза хумор и сарказам кои делуваат речиси терапевтски.
Специјалната колекција P(E/A)NSE-MOI има црвено ремче, со препознатливиот симбол на срце испечатен на задниот дел.
Но, тоа не е сè. Со часовникот доаѓа и кутија за прва помош, опремена со фластер со кој ќе го „залепите“ вашето скршено срце!
HATE 2 LOVE има повеќе страни и е луда железница од емоции. Навечер, на часовникот се гледа фразата I hate to love you (Мразам да те сакам). Но, како што доаѓа ноќта, на часовникот почнуваат да светат зборовите I Love You (Те сакам). Ви звучи познато?
Има нешто кај 70-тите што никогаш не излегува од мода, а нашата љубов кон ретро деталите секогаш е овде. Двата модели Gent BEATING LOVE и Gent BEATING PINK ја доловуваат атмосферата со линии во боите на виножитото, кои, со помош на белото ремче, го следат пулсот на оној што ги носи и формираат срце на часовникот.
На овој Ден на вљубените, Swatch ќе ги натера сите да заплачат… од смеа. Немате испланирано состанок? Немојте да паничите. Шведскиот бренд го има решението за вас. Елена Габриел премиерно ќе го одржи нејзиното стенд-ап шоу во живо на Swatches IGTV и YouTube во недела, 14-ти февруари, во 20:00 часот.
Австриската комичарка, која има држено говор на TEDx и е личноста зад YouTube видеото „How to date a French Guy“, кое е прегледано 2,8 милиони пати, ќе ги натера и оние со најскршено срце да се насмеат.