Меланија најави еден од најголемите пролетни трендови за 2021 – парчиња со „крупен, колоритен дезен“ (фото)
Од фотките посведочивме дека Меланија сепак умее да се смее, сега откако мандатот на Трамп заврши по неговото претседателско раководење на САД.
Откако двајцата слетаа во Флорида, а Меланија изгледаше шик и опуштено во колоритен фустан на брендот Гучи, се чини дека 50-годишната убавица (не)свесно го најави еден од најголемите пролетни трендови за 2021 – парчиња со „крупен, колоритен дезен“, иако нејзиниот фустан е од есенската колекција на познатиот италијански бренд.
Брендовите како ISABEL MARANT, ISSEY MIYAKE и DICE KAYEK веќе го вклучија во своите нови колекции за претстојната пролетна сезона.
Може да одберете фустан, наметка, блуза, панталони или пак сако или здолниште, сè додека истите се изработени со овој живописен дезен кој мами насмевки:
(О)Милена | Црнобело