Стилистите советуваат: 5 работи кои не се купуваат на зимските распродажби
Колку и да се евтини и да сте во искушение – најдобро е да ги одминете, тврдат стилистите.
На распродажбите е многу лесно да купите нешто што не ви треба, а стилистите тврдат дека најлош избор се следниве 6 работи:
1. Шарено крзно
Во било каков облик – шал, капа, елек или палто, шареното крзно нема да биде во мода. Тешко се комбинира со облеката која веќе ја поседувате и уште потешко се поправа лошиот прв впечаток.
2. Синтетички џемпери
Во овој случај треба да ја прочитате етикетата – ако џемперот има повеќе од 88% синтетика, а остатокот е најлон и полиестер, тогаш непотребно си ги давате парите.
3. Кратко сако со насобрани ракави
Делува непрактично, несредено и демоде.
4. Тесни, искинати фармерки
Покрај тоа што модата им помина одамна, издаваат дека имате лош вкус. Покрај тоа, не се најпрактични за ниски температури.
5. Дезенирани хулахопки
Хулахопките со цветови, пеперутки и слични дезени одамна не се модерни. Моделите налик чипка ги прават нозете визуелно пошироки. Распродажбите најдобро е да ги искористите за еднобојни, елегантни модели.
М. Д. | Црнобело