Плус-сајз жена ги копира модните аутфити на славните - фото докази дека не ви треба тело на модел за да изгледате добро
Кејти Стурино извесно време се обидува да му покаже на светот дека не треба да имате тело како на супермодел за да изгледате добро. За да докаже дека е во право, Кејти ги копира модните комбинации на славните, се фотографира, а потоа споредбите ги објавува на Инстаграм.
Многу жени и девојки се нашле во ситуација кога не го облекле омилениот фустан или кое било парче облека, само затоа што имале стомаче, целулит или нешто слично. Но, Кери има одличен совет за нив:
„Секогаш велам, прво ’облечете‘ си ја самодовербата“.
Кери сака да им ја врати самодовербата на жените, без разлика на нивниот изглед, а досега ѝ оди одлично. На Инстаграм таа има над половина милиони следбеници кои будно ја следат секоја нејзина објава.