Како дама од минатиот век: Жена секој ден носи фустани од 19-от век (фото)
Денес во тренд се момчешки фармерки, XXL облека и костими, но Мила е вљубеничка во женствените винтиџ фустани од минатиот век и си ги носи во секојдневието.
Мила Поворознјук е жена од Украина која го сака гламурот и женственоста од минатиот век, па затоа во секојдневието носи фустани од 19-от век.
Иако на многумина ова им звучи чудно, таа вели дека ужива во тоа. Вљубеничка е во дизајните од минатото.
Екставагантни блузи, шапки, винтиџ фустани и корсети се дел од нејзиниот гардеробер.
Повеќе од 74.000 луѓе ја следат на Инстаграм и уживаат во нејзината уникатност. Таа уште од 12-годишна возраст се интересирала за мода и шиела разни работи.
Дел од стајлинзите на Мила:
https://www.instagram.com/p/CB-DkeuJHc3/