10 реални причини зошто немате што да облечете

Купувате само тренди работи, па после една сезона тие се неупотребливи затоа што повеќе не се во тренд.

10-realni-prichini-zoshto-nemate-shto-da-oblechete-01.jpg

Дали и вие сте од оние девојки кои постојано се жалат „немам што да облечам“?

Ако е така, тогаш можеби овие причини се виновниците за тоа.

Време е да се преиспитате:

- Купувате постојано исти работи, знаете дека темно сините фармерки ви стојат совршено, па имате 10 исти пара.

- Импулсивно се трудите да излезете од комфор зоната, па така инстантно одлучувате да купите зелен џемпер за да додадете боја во стајлинзите и потоа никогаш не го облекувате.

- Не размислувате со што ќе го носите купеното парче и дури дома сфаќате дека никако не може да биде искомбинирано со тоа што веќе го имате.

- Сѐ уште се надевате дека некогаш ќе влезете во фармерките од пред 10 години и залудно ви фаќаат место во гардероберот.

10-realni-prichini-zoshto-nemate-shto-da-oblechete-02.jpg

- Не ги купувате основните парчиња облека како бела кошула, црно сакон, црн едноставен фустан итн.

- Купувате само тренди работи, па  после една сезона тие се неупотребливи затоа што повеќе не се во тренд.

- Купувате само на распродажба, па така гардероберот го полните со евтини, но реално непотребни парчиња облека.

10-realni-prichini-zoshto-nemate-shto-da-oblechete-03.jpg

- Не ја сортирате облеката и во гардероберот ви владее хаос, па и кога имате нешто не можете да го пронајдете.

- Не купувате според обликот на телото, па потоа не си се допаѓате и не ги носите парчињата облека.

- Купувате работи за во иднина, односно за кога ќе ослабете или кога ќе одите на Бали, а тоа може и да не се случи.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Едноставни модели на кошули, идеални и за на работа и за вечерни излегувања (фото) Кога не знаете што да облечете за на работа или за вечерно излегување, можеби на...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
32 идеи како да се дотерате за совршени Инстаграм фотки од плажа За да имате впечатлива фотка за Инстаграм од плажа (а да не сте во бикини), осве...
Топло, а елегантно: 9 практични совети за комбинирање зимска облека Дебелите зимски чорапи се лош избор ако постојано ви студи, а истото важи и за ф...
Водич за момци со стил: 40 идеи што да облечете на матура Елегантен изглед со одело и кошула или покежуал со маичка, но и поопуштени, млад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg