14 модни грешки во зимскиот стајлинг што прават да изгледате несредено
Смрзнатите црвени колена во транспарентни хулхаопки дефинитивно не се секси и уште 13 модни грешки во зима.
Температурите стануваат сѐ пониски, па веќе одамна почнавме да ги вадиме зимските парчиња облека од гардероберот.
Кои грешки не смеете да ги направите во вашите зимски стајлинзи?
Детали кои прават да изгледате несредено:
1. Долг џемпер кој ви виси под јакната, а воедно не ви одговара со неа.
2. Огромен шал грубо врзан неколку пати околу вратот.
3. Јакна која едвај се закопчува поради волуменозниот џемпер оддолу и прави да изгледате како вкочанети.
4. Носење на кратка јакна која освен што е модерна, нема да ве загрее, а со дебел џемпер оддолу нема да изгледа добро.
5. Тренерки напикани во чизмите.
6. Претерување со сексапилноста и правење непотребни жртви во име на убавината, односно мрзнење во куси здолништа на студено време, кога и облечени од глава до петици може да изгледате секси. Смрзнатите црвени колена во транспарентни хулахопки дефинитивно не се привлечни.
7. Носење џемпери од синтетика, кои без разлика колку се дебели нема да ве загреат доволно.