Која е македонската убавица која ќе нѐ претставува на Miss Globe 2020 во Тирана?

Натпреварот за убавина Miss Globe 2020 ќе се одржи во Тирана на 12-ти ноември, а претставничка на нашата земја е 24-годишната Анѓела Јакимовска.

koja-e-makedonskata-ubavica-koja-kje-n-pretstavuva-na-miss-globe-2020-vo-tirana-1.jpg

Анѓела уште од средно училиште имала афинитети кон оваа професија, се интересирала за модата и модните ревии, читала модни списанија, ја имала нејзината висина уште од млада и иако барало пожртвуваност, решила уште од 16-годишна возраст да се фокусира на манекенска кариера.

Завршила во средното училиште Раде Јовчевски – Корчагин, а образованието го продолжила на Економскиот факултет.

koja-e-makedonskata-ubavica-koja-kje-n-pretstavuva-na-miss-globe-2020-vo-tirana-07.jpg

Учењето не ја спречило да се посвети на професијата која отсекогаш ја посакувала, има учествувано на повеќе натпревари за убавина, а таа е и првата манекенка која се има појавено на Модната недела во Софија.

koja-e-makedonskata-ubavica-koja-kje-n-pretstavuva-na-miss-globe-2020-vo-tirana-04.jpg

koja-e-makedonskata-ubavica-koja-kje-n-pretstavuva-na-miss-globe-2020-vo-tirana-06.jpg

За себе има изјавено дека е посветена и секогаш чесно ги заслужува наградите, па се надеваме дека ќе постигне одличен успех на претстојниот натпревар во Тирана.

koja-e-makedonskata-ubavica-koja-kje-n-pretstavuva-na-miss-globe-2020-vo-tirana-05.jpg

Од модното студио Црнокрак, објавија фотографии од неа на Инстаграм и напишаа: „Анѓела Јакимовска се подготвува за Miss Globe 2020“.

koja-e-makedonskata-ubavica-koja-kje-n-pretstavuva-na-miss-globe-2020-vo-tirana-02.jpg

Во претставничкото видео за Miss Globe 2020, вели дека е горда што има шанса да ја претстави својата земја на овој натпревар, верува во вистинска љубов, а за Македонците кажува дека се народ со топло срце.

На следната страна повеќе фотки од Анѓела Јакимовска...



Би можело да ве интересира:

„Mob wife“: Предлог комбинации со трендот што го освојува светот (фото) Раскошни бунди, впечатлив златен накит и тесни фустани во темна боја – што претс...
Нова впечатлива колекција HEARTBEATS'24 на ZANOV HEARTBEATS '24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg