8 грешки поради кои никогаш нема да бидете модна икона
Се редите цели со златен накит, особено со прстени на секој прст и ги носите со гордост.
Кои модни грешки ве спречуваат да изгледате како стилска дама? Што правите погрешно?
Причини поради кои никогаш нема да бидете модна икона:
- Се плашите да експериментирате со стилот, паметите дека некој некогаш ви кажал дека костим добро ви стои и оттогаш не го соблекувате.
- Верувате во модни митови од типот дека чевлите и чантата мора да се во иста боја, дека по одредена возраст во животот не треба да носите фармерки или дека не смеете да комбинирате повеќе од 3 бои во еден стајлинг.
- Се плашите дека ќе претерате со накитот, па воопшто не носите модни додатоци или ставате сѐ што имате од модни додатоци наеднаш на себе и изгледате кич, а всушност доволно е само една свилена марама, необични обетки или белегзија.
- Носите здодевна и еднолична облека, која нема форма и гледате да го сокриете телото во некое „бапско“ здолниште.
- Не знаете да си изберете чевли и носите некои демоде модели или пак се држите до „глупавото“ правило дека мора да сте секогаш на високи потпетици за да изгледате добро.
- Не обрнувате внимание на косата и ја носите постојано собрана во опавче или неуредна.
- Се редите цели со златен накит, особено со прстени на секој прст и ги носите со гордост.
- Ги немате купено основните парчиња облека благодарение на кои може да креирате многу различни стајлинзи.
С. С. | Црнобело