Атиџе е модна муза - Kenzo ја презентираше колекцијата инспирирана од „Медена земја“

Мотото на Атиџе што ни е добро познато на сите – пола за мене, пола за пчелите – стана инспирација за пролетната колекција на брендот Kenzo.

atidzhe-e-modna-muza-kenzo-ja-prezentirashe-kolekcijata-inspirirana-od-medena-zemja-001.jpg

Дизајнерот зад колекцијата е Фелипе Оливеира Баптиста, кој секогаш се обидува да најде рамнотежа помеѓу човекот и природата. Фелипе секогаш користи пластика што се рециклира, соработува со WWF и зад себе има неколку еколошки проекти.

Овојпат, за колекцијата пролет 2021 на познатиот бренд, тој се осврнал кон мудроста на Атиџе, претставена во „Медена земја“.

atidzhe-e-modna-muza-kenzo-ja-prezentirashe-kolekcijata-inspirirana-od-medena-zemja-04.jpg

Едноставното правило што го следи Атиџе – зема половина од медот, а другото го остава за пчелите – го фасцинирало Фелипе:

„Филмот го прикажува контрастот помеѓу главниот лик, жена која ги почитува пчелите и секогаш го зема само медот што ѝ потребен да преживее – 'половина за мене, половна за тебе' – и нејзините соседи, кои ги трошат природните ресурси и на крај ги убиваат пчелите“.

atidzhe-e-modna-muza-kenzo-ja-prezentirashe-kolekcijata-inspirirana-od-medena-zemja-02.jpg

„Тoа е една од најстарите врски помеѓу човекот и природата. Сакав да покажам нешто за несигурноста на ситуацијата во којашто се наоѓаме“, вели Фелипе, алудирајќи на штетата што ѝ ја нанесуваме на природата“, вели Фелипе.

Уште кога ќе ги погледнете креациите, ќе ви стане јасно дека шапките со мрежа се инспирирани од опремата што ја носат пчеларите. Интересно е што и на самата ревија, на секое столче за посетителите имало тегла мед.

Целото шоу можте да го погледнете овде:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Удобни летни парчиња што ги има во гардероберот на секоја Скандинавка (и се секогаш тренди) Балетанки, лелеави здолништа и широки кошули – која друга летна гардероба е удоб...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg