Широки раменици, тесни колкови: Трикови со облеката кои ги користат ѕвездите за да ги скријат недостатоците
Меган Маркл ја истакнува половината, Џоли ги маскира тесните колкови – какви трикови со облека применуваат славните за да ги сокријат недостатоците?
Облеката може целосно да го промени изгледот, да го истакне она што го сакате, а да го сокрие недостатокот на вашето тело.
Доколку знаете каква е формата на вашето тело и кој тип на облека најмногу ви одговара, нема да имате проблем да изгледате беспрекорно.
Ѕвездите се служат со неколку трикови кои им помагаат во тоа, а може да украдете некој од нив:
Сара Џесика Паркер му дава волумен на горниот дел од телото
Ако го имате истиот проблем: носете впечатливи бои или големи принтови на облека со израз на деколтето.
Анџелина Џоли ги маскира широките раменици и тесни колкови
Ако го имате истиот проблем: носете прекумерно големи палта, масивни додатоци на облеката во пределот на градите.
Рис Витерспун визуелно го издолжува телото
Ако го имате истиот проблем: носете фустани со должина до колена и штикли со скриена платформа кај прстите.
Викторија Бекам ѝ додава волумен на фигурата
Ако го имате истиот проблем: носете широки панталони и кошули или струкирани панталони и волуменозни палта.
Меган Маркл ја крие правоаголната фигура на тело
Ако го имате истиот проблем: нагласете ја половината со колани или носете тесни миди здолништа со висок струк кои даваат акцент на колковите.
М. М. | Црнобело