6 трендови за плажа за кои нема место во 2020-та
Oд марами во силни бои до костими за капење со мрежа, со кои трендови за плажа треба да се збогувате?
И покрај пречките со кои нѐ соочи оваа 2020-та година, голем дел од луѓето го пронајдоа патот до плажата, ако не подалеку, тогаш на некое од езерата во нашата држава.
Toa значи дека сеозната на бикини е во полн ек.
Но, ако и вам ви се приближува датумот на летниот одмор треба да знаете дека со некои од трендовите за плажа од изминатите години нема место во 2020-та.
Трендови за плажа со кои треба да се збогувате:
Марами во силни бои
Годинава повеќе ќе се носат летни лелеави фустани во нежни нијанси и од природни материјали.
Костими за капење со мрежа
Моделите кои изгледаат како да ни ги плетела баба ни повеќе не се ИН.
Микро шорцеви
Ултра кратките шорцеви што не покриваат ништо не се модерни годинава.
Маици и фустани со голи раменици
Овие модели визулено го скратуваат вашето тело и ве шират во пределот на рамениците, па затоа годинава одберете модели со прерамки.
Сандали на платформа
Навистина нема потреба очајно да се трудите да изгледате високи на плажа, изгледа очајно, одберете рамен модел.
Сандали со огромни камења
Тие не изгледаат скапо и спектакуларно, туку кич, одберете поедноставна опција.
С. С. | Црнобело