Трикови како да изгледате одлично во тесни фармерки иако сте полнички
Ако имате вишок килограми, не значи дека не може да изгледате одлично во тесни фармерки. Упатство какви фармерки ќе ви прилегаат најдобро.
Ако мислите дека тоа што имате вишок килограми ве спречува да носите тесни фармерки, грешите.
Со избор на вистинскиот модел на фармерки вие може да изгледате одлично.
Трикови како да изгледате одлично во тесни фармерки иако сте полнички:
Изберете го вистинскиот број на фармерки – ова е златното правило за полничките девојки
Избегнете го искушението да купите помал број на фармерки од кои стомакот ќе ви се прелева. Во фармерките треба да ви е удобно да одите и седите.
Купете темни фармерки – визуелно симнуваат килограми
Купете фармерки со среден струк (ниту многу низок, ниту многу висок)
Ова е неопходниот компромис за вниманието да не го привлекувате кон делот што не сакате да го истакнете, односно стомакот.
Истакнете го струкот
Ако вашата фигура е во облик на песочен часовник, тогаш сите ќе ви завидуваат ако го истакнете струкот со ремен или специјален избор на маичка.
Балансирајте со слоевите
Ако горниот дел од телото ви е драстично помал во споредба со колковите, додадете волумен со некое палто или моден додаток за да создадете баланс.
Облечете долга наметка
Доколку сакате да прикриете некои делови од телото тогаш долгата наметка е совршениот избор.
Облечете високи потпетици или облечете чевли во иста боја со фармерките
На овој начин вашите нозе ќе изгледаат подолги.
С. С. | Црнобело