11 трикови како без проблем да бидете стилска дама секој ден

Овие трикови ќе ви помогнат да не бидете нервозни, да не доцните и да не се нервирате затоа што сте направиле модна грешка.

11-trikovi-kako-bez-problem-da-bidete-stilska-dama-sekoj-den-01.jpg

Жените многу често имаат проблем што да облечат и во брзање прават модни грешки. Како на лесен, брз и мудар начин да изгледате одлично?

Трикови како да бидете стилска дама секој ден:

- Од вечерта испланирајте што ќе носите утрото, тоа ќе ви заштеди барем половина час наутро.

- Пред да ја смислувате модната комбинација, проверете ја временската прогноза за стајлингот да не се претвори во катастрофа.

- Купете ги основните парчиња облека и тие нека ви бидат база на сѐ (црн фустан, бела кошула, добри фармерки, бела маица итн.)

11-trikovi-kako-bez-problem-da-bidete-stilska-dama-sekoj-den-02.jpg

- Најголемиот дел од облеката нека ви биде во неутрални тонови за лесно комбинирање (пример крем и сиво).

- Пронајдете ја својата униформа, односно модна формула која функционира за вас и со помош на промена на модните додатоци менувајте го тој омилен изглед.

- Пеглајте ги работите пред да ги ставите во гардероберот за да си заштедите на нерви во иднина.

- Ако мразите пеглање, не купувајте облека што се тутка.

11-trikovi-kako-bez-problem-da-bidete-stilska-dama-sekoj-den-03.jpg

- Во плакарот направете оддел во кој ќе ви стојат панталоните, па друг маиците и така лесно ќе го пронаоѓате тоа што ви е потребно.

- Навреме менувајте ја облеката во плакарот во зависност од сезоната.

- Нашминкајте се и направете фризура пред да се облечете за да избегнете несакани незгоди.

- Купете си универзална чанта која ќе ја носите во периодите кога ве мрзи да правите промени.

11-trikovi-kako-bez-problem-da-bidete-stilska-dama-sekoj-den-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg